Ѓоковиќ по триумфот: Доаѓам во Македонија, морам да го видам Охрид! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ успеа да го освои петтиот трофеј на Вимблдон, откако славеше со 3-2 во сетови во финалето против Роџер Федерер, а по епското финале даде одговор на едно прашање поврзано за Македонија.

Неодамна Ѓоковиќ доби покана да ја посети Македонија, а Ѓоковиќ кажа дека мора да го посети Охрид.

„Поздрав до Македонија, до Скопје. Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот, тој беше учесник на забавата кога пеевме. Ќе видиме како ќе биде, но можеби повторно ќе запееме некоја балада. Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не можам да кажам кога ќе дојдам. Сепак, сигурно ќе ја посетам Македонија затоа што морам да го видам Охрид“, порача Србинот.

Одговорот на Србинот дека ќе дојде во Македонија може да го погледнете на 16.30 од видеото.