Ѓоковиќ најде оправдание за тешкиот пораз во Виена!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ доживеа дебакл во четвртфиналето во Австрија, откако беше поразен од Лоренцо Сонего со 0-2 во сетови, односно 2-6 и 1-6.

Новинарите на почетокот на прес-конференцијата за медиумите кажа дека ова е тежок ден за православието, поради смртта на Митрополитот Амфилохие.

„Да, ова е многу тажен ден. Почитуваниот Амфилохие беше голем борец за православието и некој кој служеше како водач за српскиот православен народ и српската православна црква во Црна Гора. Имав чест да го запознаам, да поминам време покрај него и да ја почуствувам неговата прекрасна енергија. Иако физички не е тука, неговиот дух ќе биде присутен со години. Мислам дека треба да се сеќаваме на него, барем толку му должиме и со насмевка да бидеме благодарни поради тоа што го направи“, кажа Ѓоковиќ.

Новинарите го прашаа колку влијаела тажната вест на него поради тоа што делуваше дека не му се игра на теренот.

„И не ми се играше, да бидам искрен. Не влијаеше толку многу тажната вест. Но, во секој случај не ми се играше. Го направив тоа по кое што дојдов. Ова е чуден ден. Продолжувам понатаму, вртам нова страница. Сега ќе бидам со семејството, ќе се вратам во Србија. Потоа ќе се подготвам за Лондон и ќе дадам максимум“, објаснува Србинот.