Ѓоковиќ откри кој му бил најтежок меч во кариерата (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ нема дилема кој меч за него бил најтежок во досегашната кариера.

Ѓоковиќ кажа дека најтежок дуел за него бил тој против Рафаел Надал во 2012 година на Австралијан опен, кога славеше со 5-7, 6-4, 6-2, 6-7 и 7-5.

„Финалето на Австралијан опен во 2012 година против Надал. Игравме пет часа и 53 минути. Тешко дека би можел да повторам таков меч во кариерата“, кажа српскиот тенисер.

За него беше тоа втор по ред трофеј во Мелбурн, како и петта гренслем-титула.