Ѓоковиќ откри дали ќе настапи на Дејвис купот

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ откри дека нема да биде дел од репрезентацијата на Србија на годинешниот финален турнир на Дејвис купот, но тој планира да игра на новоформираниот АТП-куп.

Дејвис купот доживеа револуционерна промена во системот на натпреварување. Потврден беше нов формат според кој 18 најдобри репрезентации, поделени во шест групи по три тима, ќе се борат за трофејот на финалниот турнир.

Годинава домаќин ќе биде Шпанија од 18 до 24 ноември,а  Србија ќе биде во тешка група со Франција и Јапонија.

„Нема да играм на Дејвис купот. За репрезентацијата постојано рамислувам, а како што знаете АТП почна Куп, кој ќе почне да се одржува од наредната година и таму ќе играм со колегите од репрезентацијата“, порача Ѓоковиќ.