Ѓоковиќ одговори на навредите на Киргиос

Австралискиот тенисер Ник Киргиос веќе некое време преку медиумите и друштвените мрежи го провоцира најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ. Овие двајца денисери два пати се имаат сретнато и двата дуели ги има добиено токму Киргиос, кој очигледно е многу мотивиран кога игра против Ѓоковиќ.

„Новак е болно оптеретен со желбата на сите да им се допадне. Толку го посакува тоа што веќе не можам да го поднесам. Ако го победам во следниот наш дуел, ќе славам исто како него“, пред некое време изјави Киргиос.

Ѓоковиќ некое време ги премолчуваше овие провокации, но сега одлучи да даде изјава на оваа тема.

„Не знам што да кажам за Киргиос. Во суштина тој не е лош човек, не знам зошто изјавува такви работи, можеби сака да привлече внимание. Очигледно е искрен човек и транспарентен, Јас го почитувам и немам никаков проблем со него“, господски одговори Србинот.