Ѓоковиќ нема дилеми: Синер е одговорен за допинг скандалот
Италијанецот поради доби суспензија од три месеци, но таа се погоди меѓу два Гренд слема, па не пропушти ниеден од најголемите турнири.
„Тој случај со допинг е облак што ќе го следи, како што облакот околу Ковид ме следеше мене, до крајот на неговата кариера во тој случај. Тоа е нешто што беше толку кардинално. Кога ќе се случи, едноставно... Ќе исчезне со текот на времето, но не мислам дека некогаш ќе исчезне. Секогаш ќе има одредени групи луѓе кои ќе го посочат тоа. Кога се случи, бев во шок, искрено. Навистина не мислам дека го направи тоа намерно, но начинот на кој се справи со целиот случај има многу пропусти“, рече Ѓоковиќ.
Синер и покрај суспензијата остана на првото место до септември годинава кога по триумфот на УС Опен, на врвот се искачи Карлос Алкараз.