Ѓоковиќ направил „пуздер“ низ Белград - актерот Биковиќ следна „жртва“!?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска откри дека е позитивен на Ковид-19, поради кој мораше да биде прекинат „Адрија Тур“, а очигледно Ноле направил поголем „хаос“ од што би му паднало на памет.

Откако беше објавено каде шетал во претходните денови, во јавност се појави и популарниот српски актер Милош Биковиќ, кој исто така бил во контакт со Ѓоковиќ.

„Се тестирав на коронавирус, ги чекам резултатите“, кажа Биковиќ за српските медиуми.