Ѓоковиќ: На ова ќе се гордеам цел живот! (ВИДЕО)

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ синоќа испиша историја како прв тенисер кој успеал да ги освои сите Мастерс-турнири од серијата 1000, па за него победата во Синсинати му го донесе комплетирањето на „златен Мастерс“, како дополнување на успесите со освоените сите гренслем турнири во досегашната кариера.

Ѓоковиќ со 6-4, 6-4 го победи Роже Федерер во финалето, па му се заблагодари за фактот дека „му пуштил“ да испише историја, особено што Србинот во пет финалиња ниту еднаш досега не победи.

„Дефинитивно ова е еден од најпосебните моменти во мојот живот. Успесите, пишувањето историја во спортот кој навистина го сакам е нешто што е голема привилегија и чест. Ова е нешто за кое ќе се гордеам цел живот. Јас цела недела говорев дека трофејот тука во Синсинати е голема мотивација, но од друга страна се обидував да не размислувам за него за да не си наметнам дополнителен притисок дека морам да напишам историја, особено што петпати имав неуспешни обиди. Плус, против Роже секојпат губев кога играв на ова место. Но, како одминуваше турнирот бев сè подобар и подобар“, вели Ѓоковиќ

Српскиот тенисер со победата во Синсинати се искачи на шестото место на АТП-листата, но има шанса со перфектна завршница да стигне и до првата позиција.