Ѓоковиќ лесно се пласираше во осминафинале во Рим!
Двата тенисери беа сигурни во првите три гема на свој сервис, а прв до брејк стигна Ѓоковиќ во 10. гем и го освои првиот сет со 6-4. Во вториот сет, Басилашвили го загуби својот сервис уште во вториот гем, па не успеа да му се спротистави и да се врати во игра против Србинот, кој на крајот стигна до 6-2.
Во осминафиналето, ривал на Ѓоковиќ ќе биде Алберто Рамос, кој во второто коло го победи осмиот носител, Џон Иснер.