Ѓоковиќ конечно го израмни рекордот на Роџер Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и на најновата ранг листа на АТП се наоѓа на лидерското место што за него е 310-та недела на врвот. Со ова тој го израмни рекордот на Роџер Федерер, а веќе од следната ќе постави и нов рекорд. 

Ѓоковиќ прв пат во својата кариера стигна до лидерското место на АТП на 4.јули 2011 година. Потоа 122 недели беше светски рекет број 1 што е негова најдобра низ, но засега е далеку од рекордот на Федерер, кој дури 237 недели по ред беше најдобар тенисер во светот.

Ѓоковиќ 2021 година ја почна во голема форма освојувајќи го својот деветти тројфеј на Австралија опен.