Ѓоковиќ ќе ја брани круната на Вимблдон – обезбеди шесто финале!

Најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ се пласираше во своето шесто финале на Вимблдон и ќе ја брани минатогодишната титула, по денешната победа во четири сета (6-2, 4-6, 6-3, 6-2) против Шпанецот Роберто Баутиста-Агут.

Ѓоковиќ ќе ја има шансата да стигне до петтиот трофеј на неофицијалното светско тениско првенство, па сега го чќека подобриот од епската класика Роже Федерер – Рафаел Надал, меч кој почнува за 20-на минути на централниот терен.

Само еден сет загуби Ѓоковиќ против Шпанецот Баутиста-Агут и тоа во вториот кога експресно загуби на свој сервис, но не дозволи по потежок пат да обезбеди пласман во финалето, па во следните два му препушти само пет гема на противникот за да троиумфира.

Финалето на Вимблдон се игра в недела.