Ѓоковиќ ќе игра против Циципас за титулата во Рим

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ немаше проблеми против Каспер Руд во полуфиналето и го совлада со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-3, па така си закажа меч против Гркот Стефанос Циципас, кој претходно беше подобар од Александер Зверев со 2-1 во сетови (4-6, 6-3 и 6-3).

Ѓоковиќ го почна мечот на најдобар можен начин со два брејка на противнички сервис и водство од убедливи 4-0, по што Руд во осмиот гем врати еден брејк (3-5) и се надеваше на пресврт, но Србинот не дозволи такво нешто (6-4).

Србинот го скрши Руд во седмиот гем од вториот сет, кога ја искористи четвртата брејк топка и поведе со 4-3, по што со уште еден брејк до крајот стигна до 6-3, а тоа воедно беше негова 1.000 победа во кариерата.