Ѓоковиќ ќе го пропушти турнирот во Квинс за да биде подготвен за Вимблдон

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ по гренслем-турнирот на Ролан Гарос реши да направи мала пауза.

Ѓоковиќ се подготвува за турнирот во Вимблдон, кој се одржува од први до 14 јули, кадешто ќе ја брани титулата.

Според распоредот на Србинот, кој е објавен на неговиот сајт, пред третиот гренслем-турнир во сезоната, нема да учествува на турнирот во Квинс, кадешто минатата година стигна до финалето и загуби од Хрватот Марин Чилиќ.

Ѓоковиќ со пласманот во полуфинале на Ролан Гарос ја зголеми предноста на АТП-листата без разлика што Рафаел Надал го освои 12 трофеј во Париз и разликата меѓу нив изнесува дури 4.770 бодови.