„Ѓоковиќ ќе го надмине Федерер и ќе освои повеќе грен-слем трофеи од него!“

Поранешниот тенисер Радек Штепанек смета дека Новак Ѓоковиќ ќе го надмине рекордот на Роџер Федерер од 20 грен-слем трофеи.

Ѓоковиќ досега има освоено 14 титули, исто колку и Пит Сампрас, а пред него се само Рафаел Надал со 17 и Федерер со 20.

„Ѓоковиќ може да освои повеќе од 20 грен-слем титули. Мислам дека ќе успее во таа намера“, кажа Штепанек.

Штепанек работеше со Ѓоковиќ во период од ноември 2017 до април 2018 година и призна дека многу работи се смениле по враќањето на тренерот Маријан Вајда.

„Агаси и моеото заминување го разбудија. Тоа мораше да се случи, а ние и понатаму сме пријатели. Маријан беше со него 10 години и важен е во тимот на Ѓоковиќ“, открива Штепанек.

Инаку, Ѓоковиќ се подготвува за почеток на новата сезона. Првиот турнир на кој ќе настапат ќе биде АТП-турнирот во Доха, каде што освојуваше титула во 2016 и 2017 година.