Ѓоковиќ ја запиша 850. победа во кариерата

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на мастерсот во Монте Карло откако во три сета го совлада Филип Колшрајбер.

Србинот не блескаше на својот прв натпревар сезонава на земјена подлога, но успеа да го совлада незгодниот противник со 6-3, 4-6 и 6-4. За Ѓоковиќ ова беше вкупно 850-та победа во кариерата на АТП и е само третиот тенисер од активните на кого му успеало вакво нешто по Роџер Федерер (1.198) и Рафаел Надал (929).

„Ова не беше баш најдобриот тениски натпревар, но победа е победа. Доста тежок меч за мене на земја“, искоментира кратко Ѓоковиќ по победата.