Ѓоковиќ ја отвори душата: Размислував да се пензионирам!

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ беше избран за најдобар спортист на светот на традиционалните награди „Лауреус“, сосема заслужено сооглед на освоените два гренслем-трофеи (Вимблдон и УС-опен) и страшниот напредок до првото место во 2018 година, за кој ниту самиот сонуваше, ниту тениската јавност очекуваше.

Ѓоковиќ во обраќањето кое траеше четири минути, ја отвори душата за да признае дека после повредата и тешкиот период пред да влезе во серија за да се врати на првото место, сериозно размислувал да замине во пензија и да се откаже од тенисот.

„Точно е, размислував да го напуштам тенисот. Размислував за други работи во животот, зашто едноставно не успевав да најдам баланс во животот. Во тој момент се чувствував како да се предавам. Особено по операцијата, кога неколку месеци ми требаше за повторно да ја најдам поентата и причината за сè, за да продолжам. Поради тоа, сега оваа награда е признание за моето 'патување', кое не траеше само изминатите 12 месеци, туку цели три години. Сè започна од Роналд Гарос во 2016, кога ги освоив сите четири гренслемови и да бидам искрен почувствував некакво силно олеснување, а не се чувствував исполнет. Во последните 15 месеци имав тешки периоди, морав да завршам некои 'внатрешни работи'. Бев на чекор да се повлечам, а сега стојам тука и го анализирам тоа мое 'патување'. Звучи како бајка, ама сето тоа ми говори една работа , дека кога сте во искушение треба да нурнете во себе, зашто во вас лежат одговорите на сите прашања“, рече Ѓоковиќ.