Ѓоковиќ ја отвори душата и откри што го донело до тенискиот врв (ФОТО)
Во текот на мечот беше мирен и не покажуваше премногу емоции, иако многумина беа против него, но тој беше во својот свет и не дозволи никакво влијание на надворешните фактори, а тоа беше важно за победа.
На својот Инстаграм профил ја отвори душата по финалето, па се сети низ што поминал во претходната година.
„Тоа беше меч за навек. Меч кој засекогаш ќе го паметам и ќе го раскажувам на своите деца. Во овој дуел имаше многу работи. Почит до Федерер за големата борба. Тениското ‘патување’ во последните 12 месеци беше неверојатно. Враќањето на тенисот од повредата, желбата да се достигне нивото на тенис, кое би ми дозволило да се натпреварувам за трофеи во тенисот. Вербата во себеси, упорноста, посветеноста и големата поддршка на моите најблиски ме донесоа до тука. Беше задоволство да се создаде историја на древните терени на Вимблдон и да се дели теренот повторно со легенда на нашиот спорт. Исто така, тревата беше повкусна од порано“, напиша Ѓоковиќ.