Ѓоковиќ ја крена публиката на нозе во Мелбурн со прекрасен потег во чест на Коби (ФОТО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го одбележа мечот во четвртфиналето на Австралијан опен кога на теренот се појави со тренерка посветена на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, со кој биле големи пријатели.

Српскиот тенисер бил воодушевен во тренерката на која биле испишани иницијалите К и Б, како и броевите 8 и 24, кои „Црната мамба“ ги носеше во дресот на Лос Анџелес Лејкерс.