„Ѓоковиќ имаше психички проблеми, не знаеше каде се наоѓа, а потоа...“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сезонава успеа да направи вистинска сензација и да се врати на врвот на АТП-листата.

Кондициониот тренер, Фил Грич кој најголемите успеси ги постигна заедно со Ѓоковиќ, без „влакна на јазикот“ зборуваше за катастрофалната ситуација на Србинот.

„Во мај никој од нас не мислеше дека вакво нешто е можно. Ѓоковиќ беше во проблеми. Многу работи недостигаа, не беше физички подготвен. Но, имаше и психички проблеми, зашто не знаеше каде е. Работевме напорно, а тој знаеше дека мора да вложи повеќе. Живееше по правилата на тенисот и на крајот стигна до успех“, објаснува Грич.

Грич се врати во тимот во април, на турнирот во Барселона, кога конечно Ѓоковиќ почна да игра добро.

„Неколку недели откако почнавме да работиме. Ѓоковиќ ме праша дали ќе има шанса повторно да освои грен-слем. Целта беше да се врати до Ју-Ес Опен. Беше добар во Париз, а потоа и на Вимблдон“, вели тренерот.