Ѓоковиќ има големо срце: Организираше приватен лет за мало девојче да оди на лекување!
Многу луѓе донираа пари за малечката Софија Маркуљевиќ, а еден од нив бил и Ѓоковиќ, кој заедно со бизнисменот Миораг Костиќ обезбедил приватен лет за девојчето.
„Собраните средства треба да бидат доволни за тримесечен престој во САД. Се надеваме дека нема да се случи нешто неочекувано. Посебно сме му благодарни на Костиќ, како и Ѓоковиќ, кои обезбедија приватен лет до Америка. Благодарност и до сите останати луѓе кои ни помогнаа“, напишаа меѓу другото од организацијата на социјалните мрежи.