Ѓоковиќ има две сценарија според кои може да се врати на врвот

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ во моментов се борат за првото место на АТП-листата, а постојат две сценарија според кои Србинот би можел да се врати на врвот и да го напушти завршниот турнир во Лондон како светски рекет број еден.

Српскиот тенисер мора во четврток да го победи Роџер Федерер за да избори пласман во полуфиналето, а доколку загуби Надал автоматски по петти пат ќе ја заврши годината на првото место.

Ѓоковиќ може да заврши како првопласиран тенисер ако го освои турнирот, а Надал не се пласира во финалето или доколку Србинот се пласира во финалето, а Надал не победи на ниту еден друг натпревар.