Ѓоковиќ и Федерер урнаа неверојатен рекорд на Вимблдон (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ со 3-2 во сетови го совлада Роџер Федерер за петта титула на Вимблдон, а навивачите можеа да уживаат во прекрасен дуел, исполнет со многу возбудувања.

Двајцата легендарни тенисери притоа поставија нов рекорд на Вимблдон, откако го одиграа најдолгото финале на турнирот во историјата. Дуелот траеше пет часа и две минути.