Ѓоковиќ: Го загубив фокусот, морав да одиграм подобро!

Новак Ѓоковиќ го совлада Федерико Делбонис во третото коло од Мастерсот во Мајами со 2-1 во сетови, но српскиот тенисер покажа големи слабости во текот на мечот.

Ѓоковиќ имаше проблеми во финишот на првиот сет, но и во вториот сет, кој го доби Делбонис, па Србинот мораше да игра и трет.

„Искрено, го загубив фокусот. Требаше да играм многу подобро, иако го почнав добро натпреварот, но потоа почнав лошо да сервирам. Му честитам на Делбонис на добриот натпревар, зашто го контролираше ритамот, а јас се повлеков. Првите два-три гема беа важни од третиот сет. Се борев, се обидував да најдам вистински позиции на теренот. Последните неколку гема мислам дека ги одиграв фантастично“, вели Ѓоковиќ.

Наредниот противник на најдобриот тенисер во светот ќе биде Роберто Баутиста Агут.