Ѓоковиќ го урна Томиќ на стартот на Мастерсот во Мајами

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со победа против Бернард Томиќ го почна Мастерсот во Мајами. Србинот успеа да го победи 81. тенисер во светот со 7-6 и 6-2 за 76 минути.

Ѓоковиќ имаше проблеми против австралискиот тенисер само во првиот сет, додека не го пронајде совршениот ритам. Томиќ имаше брејк предност во петтиот гем (3-2), но потоа Ѓоковиќ се врати во игра, па сетот беше решен во тај-брејк, каде што Србинот славеше со 7-2.

Во вториот сет, Ѓоковиќ  тргна моќно, па веднаш на стартот направи брејк за водство од 2-0, а потоа го одржуваше водството и славеше со 6-2.

Србинот во наредното коло ќе игра против Федерико Делбонис.