Ѓоковиќ го освои Рим: Србинот го збриша Циципас во финалето!

Српската ѕвезда Новак Ѓоковиќ, светски рекет број еден го освои Мастерсот во Рим откако во два сета попладнево го збриша Гркот Стефанос Циципас со 6-0, 7-6 и тоа откако му даде предност од три гема во вториот сет.

Ѓоковиќ во првиот сет му одржа лекција на грчкиот тенисер, кој досега немал загубено ниту еден сет во кариерата без да освои гем, а за половина час Србинот ја заврши работата за да дојде на чекор до триумф, откако вчера со победата во полуфиналето дојде до историската 1.000-та победа во кариерата и го завери првото место на АТП во пресрет на вториот гренслем годинава Роланд Гарос.

Во вториот сет после воведното освојување на својот сервис од двајцата тенисери, Циципас во четвртиот направи брејк за да поведе со 3-1, па дојде на гем до израмнување кога во седмиот сет го освои својот сервис за 5-2, ама... Гркот го загуби својот сервис кој требаше да го добие, па го врати Ѓоковиќ во мечот, по што дуелот отиде во тајбрејк, а потоа српската тениска ѕвезда ја покажа сета своја ментална сила за да го освои и овој сет и да победи во мечот.