Ѓоковиќ го делат само три победи од историја

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ го почна Мастерсот во Рим со победа во второто коло против Аслан Карацев, а тоа за Србинот беше 997. триумф во историјата.

Ѓоковиќ во досегашниот дел од кариерата има 997 победи и 203 порази, па наскоро ќе им се приклучи на Роџер Федерер, Рафаел Надал, Џими Конорс и Иван Лендл кои имаат над 1.000 победи.

Титулата на турнирот во Рим ја брани Рафаел Надал, кој лани го совлада Ѓоковиќ со 2-1 во сетови.