Ѓоковиќ ги обедини Србите и Албанците на Косово!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ги обедини Србите и Албанците на Косово, кои решија една улица во селото Грнчар да го носи неговото име.

Градоначалникот на општината Клокот, Божидар Дејановиќ кажа дека улицата во селото Грнчар ќе го носи името на српскиот тенисер, откако граѓаните се сложиле за такво нешто.

Албанците и Србите заедно почнале иницијатива и едногласно го поддржале овој предлог, што е навистина одлично и изненадувачко, со оглед на политичките проблеми кои ги имаат Србија и Косово.