„Ѓоковиќ е колатерална штета во борбата за гласови во Австралија“

Познатиот австралиски медиум „Д Ејџ“ повторно пишуваше за темата која половина месец беше актуелна, а тоа е депортацијата на Новак Ѓоковиќ од страна на Владата, но овој пат беа откриени детали зошто српскиот тенисер мораше да помине низ пеколот.

Новинарот Дерен Кејн во колумната за австралискиот медиум пишува дека најдобриот тенисер во светот бил само дел од голема политичка игра.

„Ѓоковиќ е само колатерална штета во борбата за гласови. Ова не е ништо поразлично од останатите демонстрации на сила од страна на Владата на Австралија, кога станува збор за границите и безбедноста. Силни граници - многу гласови. Тоа е тоа. Ѓоковиќ настрада од целата политичка игра“, пишува новинарот во колумната за „Д Ејџ“.

Кејн открива дека одамна не навива за Ѓоковиќ поради целата ситуација со пандемијата на ковид-19 и неговиот однос кон неа, но сепак признава дека третманот на Австралија бил срамен кон еден од најголемите спортисти во историјата.