Ѓоковиќ доби незгоден противник во 1.коло на Австралија опен

Утринава беше извршена ждрепката за првото коло на премиерниот сезонски грен слем турнир Австралија опен. 

Новак Ѓоковиќ, кој е прв носител на првиот меч ќе се сретне со Јан-Ленард Штруф. Српскиот тенисер се најде во истата половина од ждрепката со Роџер Федерер, кој пак во првото коло ќе игра со Американецот Стив Џонсон. Рафаел Надал во другата половина од ждрепката во премиерниот натпревар се среќава со Хуго Делиен од Боливија.

Една од главните вести е дека домашниот фаворит и моментално најдобро рангиран австралиски тенисер Алекс де Минор се повлече од Австралија опен поради повреда на стомачните мускули. 

На женскиот дел од турнирот, Серена Вилијамс, која ја бара својата 24-та грен слем титула во првата рунда ќе игра со Анастасија Потапова од Русија. Наоми Осака, како трета носителка ќе ја брани титулата од лани против Мари Бускова од Чешка. 

Домашната фаворитка и моментално тенисерка број 1, Ешли Барти ќе ги одмери силите со Крис Онил. Младата Американка Кого Гоф, која лани блесна на Вимблдон ќе се сретне со двократната шампионска Венус Вилијамс. Овие две тенисерки играа и на Вимблдон минатото лето, а триумфираше Гоф.

Австралија опен почнува на 20 јануари, а ќе трае до 2 февруари.