Ѓоковиќ без проблеми го збриша Чекинато за четвртфинале во Шангај

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на мастерст турнирот во Шангај откако со 2-0 по сетови 6:4 и 6:0 го победи Марко Чекинато. 

Тоа беше слатка одмазда на Србинот против Италијанецот кој го елиминираше во четвртфиналето на Ролан Гарос годинава со 3-1. 

Во следната рунда Ѓоковиќ ќе игра против својот добар пријател Кевин Андерсон, кој денеска го совлада младиот Стефанос Циципас со 6:4 и 7:6.