Ѓоковиќ без никакви проблеми го мина првото коло на Австралија опен

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ лесно мина преку првата пречка на Австралија опен, откако со 6-3, 6-2 и 6-2 го совлада Мичел Кругер од САД. 

Србинот имаше мал проблем во првиот сет, кога Американецот успеа да направи брејк, но работите брзо се вратија во нормала. Во следното коло Ѓоковиќ ќе има пресметка со Жо-Вилфирд Цонга, кој во три сета беше подобар од Мартин Клижан.

Од досега завршените мечеви на машкиот дел од турнирот, пласман во следната фаза обезбедија и Фабио Фоњини, Кеи Нишикори, Пабло Карена-Буста, Жил Симон, Александер Зверев, Давид Гофан и Станислас Вавринка.