Ги преминаа сите граници: Англичаните пак удрија по Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ воодушеви многумина со неговиот потег во Белград, кога при прошета забележа неколку деца на кои реши да им одржи неколку тениски лекции, но не сите се среќни поради тоа.

Корисници на социјалните мрежи како да чекаа Ноле нешто да „згреши“ и веднаш удрија по Србинот, односно го обвинија дека не носи заштитна маска против коронавирус и притоа дава лош впечаток во јавноста.

Во момент кога беше снимено видеото во Србија не требаше да се носат маски на отворено, но и покрај тоа на некои лица полесно им беше да го нападнат тенисерот, отколку да ги проверат мерките во државата.