Форсираат да се игра УС-опен, ама ако некој се зарази од корона – не се виновани!?

Иако коронавирусот и понатаму пустоши низ светот, над 20 милиони луѓе се заразија, над 700 илјади починаа, а САД се најпогодената земја на планетава, американската тениска асоцијација и УС-опен не отспатуваат од намерата да го организираат тенискиот гренслем на „Флашинг Медоуз“ во Њујорк.

Но, иако поголем дел од тениските ѕвезди го откажаа учеството, како Роџер Федерер и Рафаел Надал, а неизвесно е дали и Новак Ѓоковиќ како светски рекет број еден ќе игра, сепак Американците форсираат да се игра, со тоа што бегаат од секаква одговорност.

Според последните информации, од УС-опен и организаторите не сакаат да преземат никаква одговорност за вина, ако некој од тенисерите и нивните стручни штабови кои ќе учествуваат се заразат за време на турнирот Организаторите на сите тенисер(к)и и нивните штабови им испратиле документ со кој се бара УС-опен да биде ослободен од секакви одговорности при евентуална зараза од ковид-19. Тоа важи за зараза и до семејствата и пријателите на учесниците, па дури и од најтрагично сценарио смрт.

Гренслемот во Њујорк е предвиден да се игра од 31 август до 13 септември, а тоа би бил прв од најголемите турнири што ќе се игра во ек на глобалната пандемија со коронавирусот.