Фоњини заминува на операција на двата скочни зглобови

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини реши да ја искористи паузата на АТП-турата поради коронавирусот и да направи операција на двата скочни зглобови кои изминативе неколку години му прават сериозни проблеми. 

Рекетот број 11 во светот објави дека денеска ќе му биде направен хируршкиот зафат, а ќе биде надвор од тренажен процес околу два месеци.

„По еден медицински преглед и долг разговор со мојот тим решив да одам на операција на зглобови. Верувам дека ова е вистински момент за вакво нешто додека натпреварите се суспендирани. Операцијата ќе биде денеска“, изјави Фоњини.

Последниот професионален тениски турнир се одигра на почетокот од месец март, а нови турнири сигурно нема да има барем до почетокот на август.