Фоњини и Опелка „распукаа“ по судијата Бернардес: Ти си патетичен!

Дуелот помеѓу Фабио Фоњини и Рајли Опелка беше епски во смисла на резултатот, но и поради нервозата и испадите кон главниот судија Карлос Фернандес. 

Фоњини губеше со 2-0 во сетови, пред да го скрши рекетот и некако успеа да се врати во мечот па да слави со 3-2 во првото коло на Австралија опен. 

Италијанскиот тенисер влезе во вербална пресметка со судијата, бидејќи не го добива истиот третман како и Рафаел Надал, откако доби опомена поради фрлање на рекетот. Фоњини губеше со 2-0 и беше екстремно нервозен. Тој воопшто не сакал бразилскиот судија да ја дели правдата на неговите мечеви.

„Не можам да играм со овој судија, кој не може да ми даде мир“, зборуваше Фоњини на терен на италијански. „Кога Надал бара, АТП му го дава тоа, кога Фоњини ќе побара, не може. Кога неговото височество ќе побара, тогаш може. Ти си за срамота. Не си достоен за ова. Не можеш да ми дадеш казна од еден поен за фрлање на рекетот, кога Опелка цело време вика, 'е*ено! е*ено!' цело време. Јас не дека ти викам да одиш да одје*еш, ако ти кажев да одје*еш ќе беше поинаку“, додаде Италијанецот.

Бернардес го замоли Фоњини да зборува на англиски јазик, но тенисерот продолжи на својот мајчин јазик и му рече, „те жалам“.

Фоњини мислеше на барањето на Надал во 2015 година Бернардес повеќе да не биде судија на неговите мечеви, што АТП го направи. Во меѓувреме и Опелка го загуби трпението и тој влезе во расправа со Бернердес, бидејќи Фоњини намерно ја забавува играта.

„Колку е*ени пати ќе му дозволиш да му помине ова?“, изјави Опелка. „Ти си патетичен. Па го прави ова четири пати“, додаде Американецот.