Финалисти дебитанти: Кирјос против Димитров за титулата во Синсинати

Ник Кирјос и Григор Димитров ќе играат во големото финале на мастерс турнирот во Синсинати, што за двајцата ќе биде прв меч за титулата на турнирите од оваа серија.

Кирјос го совлада Давид Ферер во два сета со 7-6 и 7-6. Ова беше втора победа против шпански тенисер, откако во претходната рунда го елиминираше новиот рекет број 1 Рафаел Надал.

Австралиецот во својот прв меч за титула оваа сезона ќе игра против Григор Димитров, кој исто така славеше во два сета во кои се играше тај-брејк или 7-6 и 7-6 и тоа против домашниот фаворит Џон Изнер.

За Бугаринот ова исто така ќе биде прво финале на мастерс турнирите, а досега во кариерата само еднаш се сретнал со Кирјос и во 2015 во Индијан Велс, кога славеше во три сета. Финалето се игра вечерва од 22 часот.