Федерер со пресврт до четвртфинале, следи дуел со најпријатното изненадување на Австралија опен

Швајцарецот Роже Федерер ја оправда фаворитската улога на дуелот против Унгарецот Мартон Фуксович и со победа од 3-1 во сетови се пласираше во четвртфиналето на првиот грен слем сезонава - Австралија опен.

Федерер лошо го стартуваше мечот против 67. тенисер на АТП листата, откако првиот сет го загуби со 6-4. Но, далеку подобро одигра во продолжение и во трите наредни сетови му дозволи на противникот да освои само пет гема, добивајќи ги со 6-1, 6-2, 6-2.

Во четвртфиналето Швајцарецот ќе ги одмери силите против најпријатното изненадување во досегашниот дел од турнирот, Американецот Тенис Сангрин (100. на АТП листата), кој успеа да го елиминира Фабио Фоњини со 3-1 во сетови.

Претходно. пласман понатаму обезбедија и Милош Раониќ со победата над Марин Чилиќ со 3-0 во сетови, како и Новак Ѓоковиќ кој исто така беше убедлив против Шварцман.