Федерер со пораз од Тим го почна завршниот турнир во Лондон

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер беше изненаден на самиот старт на завршниот турнир во Лондон, откако загуби од Доминик Тим со 0-2 во сетови, односно 5-7 и 5-7.

Федерер тргна многу лошо во мечот, откако Тим направи брејк уште во првиот гем. Сепак, Швајцарецот во четвртиот гем се врати во игра (2-2), па беше сигурен на свој сервис до 11. гем, кога повторно Тим направи брејк и стигна до 7-5.

Во вториот сет повторно решавачки беше тој 11. гем во кој Тим направи нов брејк на мечот и успеа потоа на свој сервис да слави со 7-5.