Федерер се измачи против Еванс, но обезбеди пласман во следно коло!

Роџер Федерер во второто коло на Австралијан Опен го совлада Даниел Еванс со 3-0 во сетови (7-6, 7-6 и 6-3).

Актуелниот шампион во првиот сет имаше една брејк топка, која беше и сет-топка, но не ја искористи, па во тај-брејкот ептен се измачи. Еванс водеше со 5-3, но на крајот Федерер успеа да го освои сетот со 7-5.

Во вториот сет нешто слична игра, па во тај-брејк Федерер беше поуспешен со 7-3. Додека во третиот сет Швајцарецот ја задржа предноста, која ја направи во четвртиот гем и го доби сетот со 6-3.