Федерер рутински го запиша првиот триумф на завршниот турнир во Лондон

Федерер рутински го запиша првиот триумф на завршниот турнир во Лондон

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер денеска ја запиша првата победа на завршниот турнир во Лондон, кадешто славеше против Матео Беретини со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-3.

Беретини играше добро до крајот на првиот сет, кога во тај-брејк Швајцарецот беше подобар, а потоа противникот на Федерер не можеше да се спротистави.

Федерер со оваа победа остана во игра за полуфинале, па сега му следи дуел со Новак Ѓоковиќ, кој вечерва игра против Доминик Тим за да го завери својот настап во полуфиналето.