Федерер рутински го совлада Соуза во Рим

Роџер Федерер славеше во второто коло на Мастерсот во Рим против Жоао Соуза со резултат 6-4, 6-3 за еден час и 21 минута.

Федерер прв мораше да спасува брејк топка во четвртиот гем од мечот, а потоа беше поуспешен од Соуза и освои поен на неговиот сервис за 4-3.

Голема борба се водеше во наредниот гем, кога Соуза имаше три брејк топки, но Швајцарецот ги спаси, па го освои првиот сет со 6-4.

Во вториот сет Федерер тргна со брејк, кој го чуваше до крајот на мечот, па не му дозволи на Соуза ниту една брејк топка сè до осмиот гем, кога спаси две брејк топки.

Швајцарецот во наредното коло ќе игра против Борна Чориќ.

Исто така, во мечот кој почна 15 минути по тој на Федерер, Рафаел Надал експресно го реши Шарди, против кого славеше со убедливи 2-0 во сетови (6-0 и 6-1).