Федерер разочара, Чориќ е нов шампион во Хале!

Роџер Федерер може да биде разочаран со катастрофалниот натпревар против Борна Чориќ во Хале, Германија, каде што загуби со 1-2 во сетови.

Двајцата тенисери сервираа одлично во првиот сет, па истиот мораше да биде решен во тај-брејк, во кој подобро почна Федерер со еден мини-тај брек, па имаше и сервис за освојување на сетот, но не успеа во тоа, па Чориќ направи целосен пресврт (6-8).

Во вториот сет, Швајцарецот заигра многу подобро, па со брејк во осмиот гем од натпреварот, стигна до 6-3.

Во третиот сет, Федерер како да немаше сила доволно за да го победи својот противник, кој не покажа ниту во еден момент слабост и направи два брејка на противнички сервис за 2-6.

На овој начин, Федерер не успеа да стигне до својата десетта титула во кариерата во Хале, додека од друга страна Чориќ стигна до голем успех.