Федерер потврди - ќе игра повторно во Дубаи!

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер по две години се враќа на турнирот од серијата 500 во Дубаи, каде што има освоено седум титули досега.

Организаторите ја потврдија информацијата за настапот на Швајцарецот, кој на крајот на февруари ќе игра во градот во кој живее неколку месеци годишно.

Федерер покрај седум титули загуби и две финалиња во Дубаи, а во последното финале во 2016 година го совлада Новак Ѓоковиќ.

Швајцарецот лани не играше на турнирот, а актуелен шампион на Шпанија е Роберто Баутиста-Агут.