Федерер подготвува двојна одмазда за Ѓоковиќ во Синсинати

Роџер Федерер по поразот во финалето на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ со 2-3, ќе одигра само уште еден турнир пред следниот гренслем.

До Ју-Ес Опен, Федерер нема да одигра многу натпревари. Швајцарецот прво ќе оди на заслужен одмор по одличниот турнир на Вимблдон, а единствен турнир на кој ќе игра до септември е Мастерсот во Синсинати.

Федерер ќе го прескокне Роџерс купот, а во Синсинати ќе проба да сервира двојна одмазда за Ѓоковиќ. Освен поразот на Вимблдон, Швајцарецот сака да се одмазди и за минатогодишниот пораз на Мастерсот во Синсинати, кога Ѓоковиќ славеше со 6-4 и 6-4.

„Мојот син и јас решивме да го пропуштиме Монтреал и таа одлука ја донесовме пред една недела. Сакам да имам доволно време да се одморам. Ќе земам одмор за да се подготвам за Синсинати“, кажа Федерер.

Мастерсот во Синсинати почнува на 12 август.