Федерер по голема борба се пласираше во полуфинале во Хале!

Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето во Хале, Германија, откако го победи Метју Ебден со 2-0 во сетови.

Голема борба беше забележана во првиот сет помеѓу двата тенисери, а сетот мораше да биде решен во тај-брејк, во кој подобар беше Швајцарецот со 7-2.

Вториот сет многу подобро го почна австралискиот тенисер,  кој направи брејк во третиот гем (1-), но Швајцарецот веднаш врати и израмни на 2-2.

Иако Ебден имаше шанса да го освои сетот, откако направи брејк и во седмиот гем (3-4), сепак Федерер се врати во натпреварот и со два брејка го освои вториот сет со 7-5.