Федерер откри за кого ќе навива на Светското првенство во Русија

Најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, се подготвува за турнирот во Штутгарт, но исто така го очекува Светското првенство во фудбал, кое се игра во Русија.

Федерер работи за да се врати на чело на АТП-листата, но еден дел од него е посветен на Мундијалот, па откри за кого ќе навива на Мундијалот.

„Не можам да дочекам да почне Светското првенство, а навивам за Швајцарија, која верувам дека може да го освои трофејот“, вели Швајцарецот.

Швајцарија во групната фаза игра со Бразил, Србија и Костарика.