Федерер откри што ќе прави откако ќе се пензионира

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер зборуваше за тоа што ќе прави кога ќе ја заврши тениската кариера.

Во моментов Федерер се рехабилитира од операција на коленото, па ќе пропушти неколку турнири.

„Кога ќе заминам во пензија, ќе можам да учам нови работи, како на пример јазици, но ќе можам и да посетувам многу места. Тоа што сум добар тенисер, не значи дека ќе бидам и добар тренер. Интересно е да се почне од почеток, во нови авантури. Јас не знам да готвам, би можел тоа да го научам. Ќе ми биде интересно дома со децата“, вели Федерер.