Федерер откри на кои турнири ќе настапи наредната година

Легендарниот швајцарски тенисер Роже Федерер ги откри плановите за следната сезона.

Како што беше претходно најавено, Роже ќе игра на Олимписките игри во Токио, а пред тоа ќе настапи на грен слем турнирот Ролан Гарос.

Ќе играм на Ролан Гарос. Веројатно нема да бидам на многу турнири пред тоа, особено затоа што ќе настапам на Олимписките игри. Распоредот ќе биде Ролан Гарос, Хале, Вимблдон, Олимпијадата, можеби и Синсинати, а потоа и САД Опен, истакна популарниот Федекс.

Швајцарецот уште еднаш ги отфрли шпекулациите за негово пензионирање, иако многумина веруваат дека на Ролан Гарос следната година ќе настапи се со цел да се збогува со париската публика.

Кога сте здрави колку што сум и јас, тогаш сакате да играте, додаде Швајцарецот.