Федерер му одржа лекција на Крајиновиќ и се пласираше во трето коло во Австралија

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер славеше лесно против Филип Крајиновиќ во второто коло на Австралијан опен со 3-0 во сетови, односно 6-1, 6-4 и 6-1.

Федерер го доби првиот сет по само 20 минути игра, откако Крајиновиќ не можеше ништо да направи освен да освои само еден гем.

Малку посилен отпор даде Крајиновиќ во вториот сет, па успеа да освои дури четири гема, но тоа не беше доволно против моќниот Швајцарец.

Федерер во третиот сет играше слично како во првиот, па со 6-1 ги постави конечните 3-0 во сетови.

Следен противник на швајцарската тениска легенда е Џон Милман, кој полесно од очекуваното триумфираше против Хуберт Хуркаш со 3-0.

Роберто Баутиста-Агут го загуби првиот сет против Михаел Моа, но потоа славеше со 3-1, додека Душан Лајовиќ со 3-0 беше подобар од Полманс, а од Австралијан опен се збогуваше Григор Димитров, кој загуби со 2-3 од Томи Пол.