Федерер мајсторски триумфираше во Штутгарт!

Најдобриот тенисер во светот, Роџер Федерер, го заврши турнирот во Штутгарт на најдобар можен начин, откако со триумф против Милош Раониќ, го освои трофејот во Германија.

Федерер го реши првиот сет многу лесно, откако до првиот брејк стигна во третиот гем (2-1) и потоа продолжи со сигурна игра на свој сервис до конечни 6-4.

Во вториот сет двата тенисери беа сигурни на свој сервис, па немаше ниту една брејк можност за тенисерите.  Сетот беше решен во тај-брејк, кога Раониќ не беше концентриран во завршницата и загуби два поени по ред, па му дозволи на Федерер да победи со 7-6 (7-3).

Од понеделник, Швајцарецот се враќа на првата позиција на АТП-листата.